КРВЕН ПРИТИСОК

Што треба да знаете за КРВНИОТ ПРИТИСОК како закана за вашето здравје?
Повеќето луѓе мислат дека добро го познаваат тој проблем, но дали е тоа така? Често во главата чувствуваме неодредени пречки, најчесто наутро, понекогаш зуење во ушите, задишаност по некој физички напор или појава на крв од носот и на тоа не обрнуваме внимание, а тоа можат да бидат знаци за зголемен крвен притисок. Меѓутоа не мора да има некакви знаци, а притисокот може да биде висок. Зголемениот крвен притисок затоа е тивок убиец.

Што е тоа крвен притисок?
Срцето како пумпа вбризгува крв во крвните садови - артерии под одреден притисок и го обезбедува протокот на крв, а крвните садови со своето собирање даваат отпор на тој притисок и тие учествуваат во висината и јачината на притисокот во организмот. Само едно мерење на крвниот притисок не упатува на ништо.

Каков е НОРМАЛНИОТ КРВЕН ПРИТИСОК?
Тој е променлив и се мери за време на стегањето на срцето како голем (систолички) - поголемиот број и мал (дијастолички) - помалиот број за време на две срцеви отчукувања. Обично говориме за нормален притисок со максимална вредност 140/90 ако е мерен неколку пати. Понекогаш зголемениот крвен притисок трае со години, а останува непознат. Секако, без добар и квалитетен апарат за мерење на притисок не можеме ништо да знаеме. Доколку зголемениот крвен притисок трае предолго, остава трајни штетни последици не само на срцето и крвните садови, туку и на бројни органи на човековото тело. Раното откривање е од непроценлива важност и обидот за негово доведување во посакуваните граници, што поблиску до нормалата за одредена возраст и пол. Понекогаш се открива случајно или тоа може да го открие офталмолог за врема на преглед на очната позадина. Во медицината зголемениот очен притисок се вика ХИПЕРТЕНЗИЈА, а нискиот притисок ХИПОТЕНЗИЈА. Најновите студии упатуваат на тоа дека зголемениот крвен притисок во голем процент (40-60%) е НАСЛЕДЕН. Доколку зголемениот крвен притисок кај родителите се појави пред 55 години, за седум пати поголема е веројатноста децата на тие родители да имаат исто така зголемен крвен притисок.
Оптималниот крвен притисок би требало да биде понизок од 120/80, така да можеме да кажеме дека оптимални нормални вредности се пониски од 135/85 како гранична вредност. Крвниот притисок поголем од 140-159 и 90-99 го викме ХИПЕРТЕНЗИЈА ОД ПРВ СТЕПЕН. На сите поголеми вредности од овие треба да се обрне внимание, да се мери редовно и да се лекува. За следење на крвниот притисок потребно е да се исполнат одредени услови. Како прво , треба да се најде причината за зголемениот крвен притисок. Дали постои некоја болест и која, па да се започне со лекување на таа болест. Тоа го викаме СЕКУНДАРНА хипертензија која се појавува во 2-3% случаи. Доколку не може да се утврди причината, се говори за ЕСЕНЦИЈАЛНА хипертензија. Потребно е да имате добар апарат за мерење на притисок. Постојат неколку видови, живин, дигитален за зглоб и надлактица. Се мери кај деснаците на десната, а кај леваците на левата рака. Потребно е да се мери притисокот во лежечка положба, при седење и стоење неколку пати. Вредноста треба да се пресметува на 2 мм, на пример 134/82. Добро е веднаш да се измери 2-3 пати. Ако вредноста е поголема од дозволената тоа треба да го сфатите сериозно и одговорно и да започнете со општите мерки на лекување. Меѓутоа, пред да започнете со лекување, потребно е да направите низа испитувања. Во соработка со вашиот лекар, треба да испитете СЕ, крвна слика и урина, сите видови на маснотии во крвта, шеќер во крвта, креатинин, ЕКГ и по потреба ултразвук на сцето и ергометрија. По овие испитувања треба да го промените животниот стил. Да се избегнува алкохол, да се престане со пушење, да се внесуваат доволно течности во вид на свежа негазирана вода (1.5 - 2 л за 24 часа). Редовно и секојдневно движење, по можност 15 - 20 минути редовно вежбање.
Не може доволно да се истакне важноста и значението на начинот на исхрана и видот на храна која секојдневно се зема. Познато е дека треба да се избегне ДЕБЕЛЕЕЊЕТО, маснотиите, но една од најважните мерки за регулирање на зголемениот крвен притисок е дневниот внес на готварска СОЛ. За тоа најмалку се грижиме, но важно е и за здравите личности. Затоа Светската здравствена организација во 2007 година направи акција за предупредување на луѓето од преголемата употреба на сол во секојдневната исхрана. Не сме ни свесни дека во нашата исхрана употребуваме премногу сол. На пример, во две лажички зачин има 28 грама сол. Во литар млеко има 2 грама. Во месото има многу сол исто како и во лебот, а да не говориме за мајонезот, соленото сирење и сувомеснатите производи. Уште полошо е кога и без да ја пробаме храната додаваме сол. Таквата солена храна влијае на зголемувањето на крвниот притисок. Намалувањето на сол значи и понизок притисок, но и ПОМАЛКУ ЛЕКОВИ! Прашањето е значи, колку грама сол дневно ни е потребно? Светската здравствена организација предлага 3-4 грама, но никако повеќе од 5 грама дневно.

Затоа, прашањето е како и со што да се започне ЛЕКУВАЊЕТО?
Треба да се нагласи дека со лекувањето на зголемениот крвен притисок всушност не лекуваме ништо. Со лекувањето на зголемениот крвен притисок се спречуваат ПОСЛЕДИЦИТЕ кои доведуваат до тоа. Последиците се мозочен или срцев удар, губиток на функцијата на бубрезите, губиток на видот и пропаѓање на голем број на ткива во организмот. Затоа, кога со општи мерки нема да може да се регулира притисокот (што значи дневно да осцилира повеќе од 5-10% од нормалната вредност) мора да се пристапи НА ТРАЈНО И СЕКОЈДНЕВНО лекување, без ПРЕКИН И ДОЖИВОТНО. Лекот треба да го одбере лекар, најдобро итернист, а контролата на лекување да ја спроведува матичниот лекар. Нема подобар или полош лек. Доколку еден лек може да го регулира притисокот, тогаш треба СЕКОГАШ да се зема под исти услови и во исто време на денот. Ако притисокот не се регулира, во терапијата треба да се воведе евентуално и друг лек, но дури откако кај првиот лек се зголеми дозата до онаа која е максимално пропишана. Промените не треба да се вршат нагло, туку со следење на притисокот во рок од 10 - 15 дена. Да не се менува лекот на своја рака, без совет со лекар. Во регулирањето на зголемениот крвен притисок, со помалку лекови, имаме избор од ПРИРОДНИ додатоци на храна. Тоа се билни, витамински и минерални препарати, што е докажано и во современите медицински истражувања. Може да се препорачаат Омега 3 масните киселини, кои не можат да се создадат во нашето тело и мораат да се внесуваат преку храната или со препарати. Тие делуваат како чувари на срцето и крвните садови, ги намалуваат триглециридите во крвта, делуваат кај воспаленијата на зглобовите и го подобруваат имунитетот и мозочната функција, а секако и го намалуваат зголемениот крвен притисок. Со рано откривање на зголемениот крвен притисок и правилни постапки во животните навики, со намалување на готварската сол и потпора со додатоци во исхраната, можат добро да се подобрат условите за квалитетен и долг, здрав живот, без компликации. Убав поздрав од вашиот лекар.

Powered by Bio Clinica Makedonija
ASP.NET Shopping Cart Software