Правила и услови за работењето: Bio Clinica Makedonija
Ова web место користи колачиња (cookies). Кликнете ОВДЕ за повеќе информации. Доколку продолжите со прегледот на овој web се согласувате со користењето на колачињата.
 
Zatvori

Информации

Molimo, pričekajte trenutak!


Правила и услови за работењето

СОВЕТИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

На својата e-mail адреса ќе добиете известување , за примање на нарачката и нејзин број.

Нарачаните производи преку web shop може да ги платите на поштарот при подигнување на пратката.
Нарачаните производи на доставувачот не може да му ги платите со картичка.

Во цената е вклучено ДДВ ( 18% ). Поштенските трошоци се додаваат при обработка на нарачката.

ДОСТАВА НА НАРАЧКАТА

Нарачаните производи се доставуваат преку Македонска пошта. Вообичаен рок за достава на пратката е 3-5 дена.

Трошоците за пакување и достава изнесуваат 150 ден.

Содржината на пакетот задолжително да се провери во присуство на доставувачот. Известете не доколку има евентуални оштетувања на пратката или доколку недостасува некој производ.

ВРАЌАЊЕ НА ПРОИЗВОДОТ

Сите производи се детално прегледани пред доставата, неоштетени. Во кој случај може да го вратите производот?

Купувачот има право да ја врати робата во рок од 15 дена од прием на пратката: ОВДЕ

Примената роба не може да се врати поради здравствени и хигиенски причини, освен во следниве случаи:
• Доколку е испорачана роба која купувачот не ја нарачал
• Доколку испорачаната роба има истечен рок на траење
• Доколку испорачаната роба има грешка или видливи оштетувања кои не се настанати при транспорт.

Робата која е вратена мора да биде во оригиналното пакување, некористена и неоштетена ( доколку причината за враќањето на пратката не е оштетување ) заедно со оригиналната сметка, во рок од 15 дена од прием на пратката. Трговецот е должен во рок од 30 дена од денот на прием на писменото известување , да му го врати на потрошувачот целокупниот износ кој што потрошувачот ги платил, освен директните трошоци за враќање на производот.

Поштенските трошоци за поврат на пратката се на сметка на купувачот.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАЧИНОТ НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПИШАН ПРИГОВОР НА ПОТРОШУВАЧОТ

Според законот за заштита на потрошувачи, службен весник бр.38/2004 ,77/207, 103/2008, 024/11, 164/13, 97/15, ве известуваме дека приговор поради незадоволство во однос на купениот производ или добиената услуга може да искажете во пишана форма во нашите работни простории ( Био Клиника Македонија д.о.о.е.л, Бул. 8 Септември бр.2 лок. 11, 1000 Скопје ), при што веднаш без одложување ќе добиете пишана потврда за прием на приговорот. Приговорот истотака може да го испратите:
• Преку пошта на адреса: Био Клиника Македонија д.о.о.е.л, Бул. 8 Септември бр.2 лок. 11, 1000 Скопје
• Телефакс: 02/3216-923
• По пат на електронска пошта: naracki@bioclinica.com.mk

Трговецот се обврзува да одговори на приговорот во пишана форма во рок од 15 дена, од денот на прием на приговорот, затоа ве молиме да ги назначите вашите податоци ( име, презиме и адреса ).


ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ

Сите ваши податоци се заштитени и служат само за нас за односи со купувачите. Преку нас може да добиете рекламни материјали за други претпријатија. Доколку не сакате да добивате рекламен материјал, потребно е да не обавестите.
При нарачката, наведете точно име, email адреса и адреса за достава. Тоа ни овозможува квалитетно да ве услужиме. Телефонскиот број ни овозможува директен контакт во случај со потешкотии во врска со вашата нарачка.

Подетално може да дознаете ОВДЕ

ПРАВИЛНИК ЗА КУПУВАЊЕ ПРЕКУ WEB SHOP

1. Web shop продажба е преку интернет мрежа
2. По извршената нарачка купувачот добива e-mail информации дека неговата нарачка е примена.
3. Нарачката ја реализира фирмата Био Клиника Македонија д.о.о.е.л.
4. Нарачката се реализира веднаш по примањето.
5. Нарачката ќе се реализира доколку робата е достапна во магацинот на Био Клиника Македонија д.о.о.е.л. Во случај дел од нарачаните производи да не се моментално достапни, купувачот добива известување и одлучува за начинот на реализација ( делумна реализација, продолжување на терминот за реализација, откажување на нарачката ).
6. За акциска продажба или распродажба, предвидена е ограничена количина производи, реализацијата на нарачките се спроведува според редоследни потврдени нарачки за овие производи, се додека не се распродадат количините кои се предвидени.
7. Со секоја нарачка се доставува сметка. Сметката се печати во моментот кога сите артикли се нарачани од страна на купувачот.
8. Купувачот може да ја измени својата нарачка се додека не се обработи нарачката.
9. Купувачот може да ја откаже нарачката се до моментот пред да се испрати. За оваа промена контактирајте го Оделот за односи со купувачите.
10. Сите цени се наведени во Македонска валута МКД со ДДВ, важат само за купување преку web shop.
11. Web Shop го задржува правото да може да ги менува цените на производите кои се наоѓаат во понудата, да ја прошират понудата за нови производи, за активирање и завршување на акциската продажба и воведување на одредени измени.
12. Времето за реализација на нарачката е од моментот кога е примена нарачката се до нејзина обработка. Се сметаат само работни денови. Времето за реализација не смее да биде повеќе од 5 работни дена.
13. Цената на производите не ја содржат и цената за достава
14. Нарачките ги доставуваме само на подрачјето на Република Македонија.

ПОДАРОК СО НАРАЧКАТА
Условите за добивање подароци погледнете ги на ОВДЕ

ОДГОВОРНОСТ ЗА МАТЕРИЈАЛНИ НЕДОСТАТОЦИ

Продавачот одговара за материјалните недостатоци согласно со Законот за материјални недостатоци ( член 42 ).

Продавачот одговара за материјални недостатоци за производите кои ги имале во моментот на пренос на ризик на купувачот, без разлика дали тоа му е познато. Продавачот одговара и за оние материјални недостатоци кои се појавиле по преносот на ризик на купувачот, доколку причината е последица настаната пред тоа. Продавачот не одговара за непознати материјални недостатоци.

Материјален недостаток постои:
• Доколку не одговара наведениот описот и не ги посетува и не го поседува квалитетот кој трговецот му го понудил на потрошувачот,
• Не е погоден за намената која потрошувачот ја барал, а трговецот ја понудил,
• Не е погоден за намената за која вообичаено се користат производите од истиот тип

Не го покажува квалитетот како вообичаените производи од истиот тип и кои потрошувачот може разумно да ги очекува, со оглед на природата на производите и со оглед на било какви јавни изјави во врска со посебните карактеристики на производите дадени од страна на трговецот, производителот или неговиот претставник, особено при рекламирање или на етикетата.

Трговецот не одговара за недостатоците со кои во моментот на договорот купувачот бил запознаен.


ЗА ФИРМАТА

БИО КЛИНИКА МАКЕДОНИЈА Д.О.О.Е.Л., Бул. 8 Септември бр. 2 лок. 11, 1000 Скопје
Матичен број: 7039190

Основна главнина: 5000 евра
Основач на фирмата: Натхалие Ковачевиќ

Тел: 02/3216-923
Фах: 02/3217-611

E-mail: naracki@bioclinica.com.mk